Генијално – Варени јајца без вода – во картонот во кој се купени (Фото)


Повеќе не мора да се грижите дали вашето јајце е доволно варено, или сте го извадиле предвреме, или пак сте го оставиле да се вари премногу долго. А со овој нов изум кој доаѓа од Русија можете да сварите јајце каде сакате. не ви треба вода, ниту шпорет. јајцето го варите во картонот во кој сте го купиле. A уште и можете да одберете меко варено или тврдо варено.

Генијално. еве за што станува збор.

Русите измислија кутија, која што наликува на онаа која што е специјално направена за јајцата, а која што може да ја видите во секој супермаркет или продавница. Единствената разлика е тоа што „Gogol Mogol“, како што е наречена електронската кутија, е пронајдок кој што го добил по името на руското јадење базирано со јајца и може да ги свари исите за не подолг период од две минути, било каде и да сте.

Така и најнеискусните кулинарски незнајковци, сега ќе имаат можност да си подготват доручек со јајца.

Надворешниот слој е направен од еден вид на картон кој што некогош го правеле за картоните за јајца.

Под него има уште три слоеви. Во еден се наоѓа и калциум хидроксид и некои други хемикалии, а во вториот има вода.

Помеѓу овие два слоја е мембрана која се отстранува со повлекување на слоевите на картон.

Кога тие се отстранети, калциум хидроксидот реагира на водата во третиот слој, со цел да се произведе доволно топлина за да се подготват јајцата.

Јајцата спакувани во „Gogol Mogol“ се продаваат во пакет како и сите други по  6, 10 парчиња, но може да се купи и едно – да речеме на работа сакате да доручкувате меко варено јајце – со овој изум сега ќе можете и тоа многу лесно.

Во моментов ваквата технологија функционира само на пробни подготовки и засега ниту една компанија која се занимава со храна не го има пуштено во продажба ваквиот патент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1