Газда им ја намалил киријата за да купат новогодишни подароци со тие пари (Фото)


Сопственик на зграда во Лос Анџелес, упатил празнично писмо до станарите во зградата која ја изнајмувал. Во него ги известува дека како празничен подарок им ја намалува киријата. Еве што напишал.

,, Веќе со години имаме традиција да помагаме за време на последниот месец во годината, кога многу луѓе почнуваат со подготовките за Божиќ. Драго ни е што оваа традиција можеме да ја продолжиме и годинава. Од таа причина, одлучивме на секој од вас, киријата да му ја намалиме за 70 долари, ве молиме сопрете ги овие пари од киријата за Декември и можеби можете да ги потрошите за купување на подароци за некој вам близок.

Ви благодариме што и понатаму живеете во оваа зграда. Тоа многу ни значи.Од нашите семејства на вашите семејства, ви посакуваме среќна и здрава сезона на празници.

Станарите презадоволни одлучиле писмото на газдата да го објават на социјалните мрежи. Фотографијата е објавена на Редит.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1