НАТО: Ситуацијата на северот на Косово нестабилна


Ситуацијата на северот на Косово е нестабилна, изјави по завршувањето на првиот ден од министерскиот совет на НАТО во Брисел генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ги повика двете страни да најдат политичко решение, јави Танјуг.
– Го поздравуваме општото подобрување на безбедноста, но сме свесни дека ситуацијата на северот е се уште нестабилна, рече Расмусен и додаде дека поради тоа нема да има намалување на бројноста на КФОР.
Тој го поздрави дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина и ги повика двете страни да продолжат да работат на изнаоќање на политичко решение.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1