Ѓердан од времето на Александар македонски најден на вратот на девојка 2.500 год мртва


Прекрасен женски ѓердан од периодот на антиката е пронајден во срцето на Сибир. Тој го доби називот „Ѓерданот на Клеопатра“, но всушност датира од периодот на Александар Велики, односно постара е од времето во кое живеела Клеопатра.

sibir3

Ѓерданот е откриен уште во 2004 година, но никогаш не бил на изложба, ниту, пак, фотографии од тој накит се појавиле во јавноста.

Најновите фотографии го покажуваат ѓерданот на местото на пронаоѓање и во сета негова убавина на женскиот врат. Ѓерданот е направен од ламинирано стакло во боја и е со непроценлива вредност. Бил пронајден околу вратот на жена, за која археолозите утврдиле дека умрела на 25 годишна возраст и која била пронајдена во антички гроб во планините Алтаи во Сибир.

sibir

Девојката околу чиј врат бил пронајден ѓерданот, според проценка на археолозите, умрела пред 2.400 години и била во роднинска врска со познатата тетовирана принцеза Укок, чии тетоважи останале зачувани во пермафрост и кои го привлекле вниманието на светските археолози.

Ѓерданот е составен од 17 топчиња со дијаметар од два до два и пол сантиметри и претставува единствен примерок во светот. Руските археолози истакнуваат дека ѓерданот фрла нова светлина на нивото на развиеност на цивилизацијата во Сибир, во скитскиот период.

sibir4

Направена е со таканаречената техника ’Милефори’, со која се изработуваат стаклените стапови во шарените примероци, кои се видливи само на местата каде што ќе се пресече стаклото, односно на кои стапот е пресечен. Направениот стап потоа се грее во печка и се развлекува додека не стане тенок, со тоа што примероците во стаклото и натаму се задржуваат.

Еднаш кога ќе се излади, се сече на делови од кои се брусат топчиња за ѓерданот.

Руските археолози сè уште работат на студијата на овој ѓердан, а штом ќе завршат со тоа, во јавноста ќе се појави и ѓерданот. Археолозите тврдат дека тоа ќе биде можно во следните неколку години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1