МАКЕДОСНКИ ЛЕКАРИ Забарка му скршила вилица на пациент, очна лекарка ослепила жена


Маж од Прилеп јаде со цевка оти забарка при вадење заб му ја скршила вилицата и, наместо да му помогне, доказите ги скрила, а на колешката што хируршки интервенирала не ѝ кажала што се случило, пишува Нова Македонија

hirurg lekarВо обвинителството има случаи за сторена лекарска грешка, кои обвинителите ги истражуваат и за кои собираат докази. Според судските документи до кои дојде „Нова Македонија“, обвинителството во Скопје и во Прилеп работи два случаи во кои пациенти поради грешка на лекарите што ги лекувале претрпеле ужасни здравствени и психички стресови.

На прилепскиот пациент му била скршена вилица при вадење заб, а пациентка во Скопје го изгубила видот на едното око при рутинска операција на перде, докторката решила да го тргне пердето со фако-апарат за што немала поминато обука. Операцијата поминала и пациентката била испратена дома.
Но лекарката не ѝ кажала дека во текот на операцијата ѝ ја скинала ретината! Пациентката почувствувала тегоби и, наместо да прогледа, таа сѐ повеќе не можела да гледа.

Она што ги поврзува двата случаи се негрижата и обидот лекарите да ги скријат трагите од грешките што ги направиле.

lekariПрилепскиот случај за кој веќе во истрагата се испрашани сведоци-лекари остави маж со деформирано лице.

На четврти септември лани попладнето пациентот влегол во ординацијата на лекарката С. И. А.Како матичен стоматолог, лекарката му предложила да му извади заб – Без да направи рендген-снимка на забот, забарката почнала со клешти да ја трга седумката од горната вилица. Наеднаш нешто не одело како што треба.

Лекарката му ја скршила вилицата на пациентот и го отворила синусот! Настанало обилно крвавење, но наместо да му помогне, таа ги прикрила трагите од своето работење.

Повикала специјалистка по орална хирургија, на која не ѝ кажала што се случило. Хирургот интервенирал за да ја санира повредата.

doktor pacient1

Tоа што не кажала било опасно по живот за пациентот зошто вилицата била скршена, недостигале два сантиметри од коската, а во синусот сѐ уште имало парчиња од скршеницата, кои биле и најголемата опасност по животот на пациентот. Доколку некое парче се откачело од синусот, ќе завршело во мозокот и последиците тогаш би биле фатални.

Оштетениот сега со видна деформација на лицето, по неколкумесечно хранење со цевка, мора да замине во странство, каде што треба да му се извршат тешки операции за да се санира штетата што ја направила забарката.

Повеќе детали за овие два случаи на Сајтот на Нова Македонија 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1