Герхард Шредер се жени по пети пат


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во октомври ќе се ожени со 26 години помладата Јужнокорејка кој ќе му стане пета жена.

Шредер кој има 73 години и кој поради четирите брака го доби прекарот „човек ауди“по четирите кругови на логото на тој германски произведувач на автомобили, одлучил на лудиот камен да застане со Ким Со-јеон.

На венчавката е повикан и претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и претседателот на Русија Владимир Путин.

Нивната врска излезе во јавноста во септември, кога Дорис Шредер Копф, шетвртата Шредерова сопруга, во текот на разводот изјавила дека Ким имала улога во распаѓањето на нејзиниот брак со поранешниот канцелар.

Ева Шубан

Првиот брак на германскиот канцелар бил пред 50 години, во 1968 година со Ева Шубан, која му била другарка од детствто. Бракот траел неколку години и парот се развел во 1972 година.

Ана Ташенмахер

Истата година кога се развел, Шредер впловил во вториот брак со Ана Ташенмахер, наставничка. Во брак биле 12 години, а се развеле во 1984 година иако кружеле приказни дека се разишле три години претходно.

Хилтруд Хампел

Повторно, Шредер не размислувал многу и во 1984 година по трет пат се оженил, овој пат со Хилтруд Хампел, на јавноста позната како Хилу. Во 1996 година најавиле развод кој го формализирале во 1997 година.

Дорис Шредер – Кепф

Шредер повторно истата година кога се развел впловил во нов брак, овој пат со 19 години помлада новинарка Дорис Шредер – Кепф. Тие посвоиле две деца, а Дорис има дете од претходната врска.Овој бил најдолг брак на Шредер кој траел 18 години. Во 2015 година најавиле развод, а во септември 2016 официјално поднеле барање за развод.

Ким Со-јеон

Новата љубов на Герхард Шредер ја запознал една година пред барањето за развод. Поранешниот канцелар ја запознал Ким Со-јеон која и самата била мажена и имал ќерка, на менаџерска конференција во Јузна Кореја каде му била преведувач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1