Германија денеска по прв пат објави листа на работни места за кои сака да ангажира работници од земјите надвор од Европската Унија.
Работните места вклучуваат медицински сестри и негователки на постари лица, стручњаци од областа на роботиката, електричари – пренесува Франс прес.
Луѓето кои сакаат да конкурираат за работните места, мораат да ги предочат квалификациите кои се сметаат за еднакви на оние во Германија.
-Потребни ни се квалификувани имигранти за да се осигура долгорочна добробит на Германија, навела министерката за работа- Урсула фон дер Лејен.
Соочена со намален број на жители, со ниска стапка на невработеност, најголемата европска сила, за прв пат бара квалификувани работници.