Германија бара негователи, електричари и роботичари од земјите надвор од ЕУ


Германија денеска по прв пат објави листа на работни места за кои сака да ангажира работници од земјите надвор од Европската Унија.

oglas rabota vrabotuvanjeРаботните места вклучуваат медицински сестри и негователки на постари лица, стручњаци од областа на роботиката, електричари – пренесува Франс прес.

Луѓето кои сакаат да конкурираат за работните места, мораат да ги предочат квалификациите кои се сметаат за еднакви на оние во Германија.

-Потребни ни се квалификувани имигранти за да се осигура долгорочна добробит на Германија, навела министерката за работа- Урсула фон дер Лејен.

Соочена со намален број на жители, со ниска стапка на невработеност, најголемата европска сила, за прв пат бара квалификувани работници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1