Германија почнува со протерување на одбиените за азил – балканците први


Германија наместо од 1 ноември веќе од понеделник ќе почне со применувањето на новиот закон за азил и со тоа ќе започне со големото протерување на одбиените баратели на азил.

Тоа се однесува пред се на луѓето од балканските земји, јавуваат германските медиуми, а потврди и специјалниот Координатор за бегалците, Петер Алтмаер.german

„Најверојатно ќе започнеме неколку дена порано“ – изјави Алмаер денеска за „ARD-Morgenmagazin” по повод примената на законот, кој од 1 ноември треба да стапи на сила и со кој се предвидува поедноставување на постапката за депортација на одбиените азиланти.

Тој како нови земји од сигурно потекло ги дефинираше Косово, Албанија и Црна Гора.

Според информациите на весникот „Velt” голем број на одбиени азиланти се одлучиле доброволно да ја напуштат Германија, па така во периодот од јануари до септември земјата ја напуштиле 22.400 луѓе, додека 11.500 ќе бидат протерани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1