Во Германија е спречен обид за бомбашки напад на божиќниот саем Лудвигшафен, а јавноста е згрозена од идентитетот на терористот. 12-годишно момче, Германец со ирачко потекло планирал напад, се обидел на двапати да го изведе, но за среќа затаила експлозивната направа, пренесе јавниот сервис, спред информации од обвинителството.
Експлозивната направа не се активирала ниту првиот пат, ниту на 5 декември кога оставениот ранец бил забележан од минувач. Полицијата набрзо го пронашла извршителот, но немало истрага заради германските закони кои не го дозволуваат та за деца под 14 годишна возраст.
Обвинителството презело „безбедносни мерки“. Се сомнева дека детето одржува „интензивни контати“ со припадниците на ткн. Исламска држава која преку интернет платформа му испратила упатства за напади.
Јавната расправа за бегалците и безбедноста се заостри откако е откриено дека осомничен за силувана и убиена 19 годишна девојка во Фрајбург е малолетен бегалец од Авганистан. Внимание на јавноста привлече и случајот на двојното силување во Бохум за што е осомничен ирачки бегалец.