Германија во војна против Фејсбук – бараат да се дозволат анонимни профили или ќе ги казнат


Фејсбук би можела да плати 20,000 евра парична казна, освен ако не им овозможи на германските државјани да создаваат анонимни сметки на социјалната мрежа.

To match feature: INTERNET-SOCIALMEDIA/PRIVACYДржавната агенција за заштита на податоците во Германија, изјави дела одбивањето на Фејсбук да овозможи псевдоними на сајтот е кршење на тамошниот закон.

„Неприфатливо е тоа што американски портал како фејсбук, ги прекршува германските закони за заштита на податоците“, вели комесарот за заштита на податоците во северната германска држава Шлезвиг-Холштајн, Тило Вајчер. Ваквата порака тој му ја испратил преку писмо на основачот на фејсбук Марк Цукерберг.
Во германскиот закон се наведува дека сите медиумски услуги мора да им овозможат на корисниците можност да користат псевдоним. Почетната забрана била поставена против фејсбук во средината на декември, а на компанијата им биле дадени две недели за да ја промени својата политика.

Ваквата закана предизвика фејсбук да бара правна заштита пред управниот суд во Шлезвиг-Холштајн.
Портпаролот на фејсбук вели дека наредбите биле неосновани и губење на парите на германските даночни обврзници. Тој додаде дека компанијата ќе се бори против обвиненијата. Од таму додаваат дека законот за псевдоним не се однесува на фејсбук туку на „повреда на повисок пласман на Европското право“.
Веб страницата најави дека нема да ја менува приватноста и под услови на ваквиот закон, затоа што како што велат од таму „вистинското име и култура“ е дел од „Мисијата на доверба и безбедност“.
Недостатокот за соработка на фејсбук не беше изненадување ниту за адвокатот од областа за заштита на податоците во Јорг Хладјк во тој регион.

Тој вели дека е малку веројатно ваквата светска компанија да го промени својот бизнис модел за само една земја, а уште помалку пак за еден регион во Германија.
Фејсбук се најде вовлечен во голем број на проблеми поврзани со приватноста особено во Германија. Во 2011 година во Шлезвик-Холштајн на локалните организации и фирми им беше забрането да користат фејсбук, поради тврдењето дека на тој начин се монитираат корисниците.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1