Се појави ново гледиште зошто германскиот авион е урнат, а го пласираше познатиот алтернативен блогер Јим Стоун од порталот „Jimstone“.
Се обидоа да ни го продадат следното сценарио:
Пилотот ја напуштил кабината и не можел да влезе. Копилотот не реагирал. Се подразбира сценарио во стилот на арапски тероризам, т.е дека копилотот го урнал авионот намерно. Тоа е нивна приказна врз основа на црната кутија, но во прашање е шарена лага.
Како се објаснуваат борбените авиони кои го следеле авионот а кои не се споменуваат во извештајот иако се сосема јасно сликани?
Нема шанси некогаш да признаат дека било поинаку, т.е дека автопилотот е оневозможен со далечинско управување, откако авионот се урна во планината.
Невозможно е приказната во која автопилотот останал уклучен а копилотот се онесвестил, бидејќи авионот би продолжил да лета рамно додека не остане без гориво. Не би почнал да паѓа сам од себе. Најголемиот проблем се борбените авиони кои го следеле авионот додека не удрил во планината а потоа избегале. Тоа е факт и од тоа не може да избегаат.
Дали луѓето ќе поверуваат во приказната за самоубиство? Нема ако дознаат за борбените авиони. Соборувањето на „Germanwings“ е легитимна црна операција Постои теорија дека борбени авиони пукале на А 320 пред да удри во планина. Таа теорија би можела да се прифати од следните причини:
Авионот А320 е посебно креиран што педалите и вртачите не се поврзани со механиката на авионот. Ако А320 бил опремен со механика за избегнување на судири, тој никако не можел да удир во планина бидејќи би се подигнал во последен момент. Во тој случај, борбените авиони морале да пукаат на крилата на опашката како би оневозможиле избегнување на судир.
Без опашка, авионот под полн гас би се удрил во планината, што се поклопува со извештаите на очевидци кои слушнале грмење од неколку секунди.
Зошто борбените авиони биле таму, а потоа го напуштиле местото откако било очигледно дека авионот ќе падне? Тие знаеле дека ќе дојде до пад на авионот. Зошто тогаш го напуштиле местото? Доколку не предизвикале пад, нивна должност би била да останат, ја проценат состојбата и да ја известат базата за состојбата. Тие не го направиле тоа. Зошто?
„Необјасниво е како таква работа би можела да му се случи на технички совршен авион со искусни, обучени пилоти“ – директорот на Луфтханса Карстен Шпор.
Не е баш необјасниво, еве што е познато:
Утврдено е дека падот на авионот во планината бил контролиран и под полн гас.
Зошто не се пронајдени тела?
Многу луѓе на интернет се прашуваат како авионот може само така „да се распадне“ во ситни парчиња. Несреќата е изведена така да не остане ниту едно целосно тело и да не можат да се идентификуваат патниците.
Како е постигнато тоа? Судирот морал да се случи со многу голема брзина. Конкретно, авионот паѓал со брзина од повеќе од 900 км/ч. Токму поради тоа авионот е распарчан. Сепак, толкава брзина е можно да се постигне само намерно.
За споредба, при нормални авионски несреќи, авионот паѓа со брзина од околу 300 км/ч.
Се наметнува прашањето дали овој контролиран пад, после кој не било можно да се идентификуваат телата, е изведен така да се сокрие некој кој се наоѓал на овој лет. Од таа причина борбените авиони не пукале на авионот иако знаеле дека ќе падне, бидејќи така телата би останале сосема недопрени.
Инаку, летот бил пренасочен преку Алпите, далеку од директниот пад, така да не може да загине никој од населението на Франција.
Нема сомнение дека борбените авиони се одговорни за оваа несреќа и дека некој намерно наредил да дојде до несреќата.
Комуникација со пилотите немало бидејќи биле во несвест во моментот кога контролата се обидела да ги контактира. Преовладува теоријата дека пилотите биле во несвест поради нагло паѓање на притисокот. Тоа е бесмислица.
Авионот достигнал висина од 23 000 метри, останал на неа една минута, а потоа почнал да паѓа. Тоа не е доволно време луѓето да се онесвестат поради нагла промена на притисокот, а кога авионот би достигнал 15 000 метри, луѓето ќе се разбудат и ако е таа теорија точна. Очигледно е дека е во прашање приказна која не пие вода.
Кој на крај бил во авионот?
Според најновите извештаи , во авионот се наоѓале двајца инженери на фирмата „Delphi“.
Ова е дури дел од информациите, кој знае што уште ќе дознаеме и што се ќе се обидат да скриат од нас.