Во Геронтолошки Завод во изминатите 6 месеци се појавија три случаи за кои постоеше сомневање (суспект) за скабиес, и сите три случаи заради обезбедување на мерки на претпазливост беа адекватно третирани според препораките и протоколите за постапување во вакви случаи, односно се спроведе курс на антискабиозна терапија што е редовна процедура во вакви суспектни случаи, и што е во интерес и на суспектните и другите пациенти кои се згрижени во нашата установа, се вели во демантот од Геронтолошкиот завод.
Во ниту еден од овие три случаи не беше потврдено присство на паразит на скабиес.
Во општата, главно неинформирана популација, симптомот на јадеж се поврзува со скабиес, но всушност, јадежот е симптом при многу состојби, особено кај постарата популација, и е типичен и чест симптом на геронтолошките болести.
Доколу во било каков случај евентуално во иднина се потврди присуство на паразитот на скабиес кај некој пациент (болест која во светски рамки има преваленца од над 300 000 000 случаи годишно) Геронтолошкиот Завод е подготвен и кадровски и медикаментозно и организациски да реагира за адекватно лекување и третирање на болеста согласно сите процедури и медицински протоколи.
Со цел да се спречи ширење на невистини и заблуди кои може да ги вознемират нашите пациенти, нивните семејства и граѓаните, и со цел да не се наштетува на угледот на установата, замолуваме да го објавите нашиот демант