Гевгеличанец грицкал сламка и ја голтнал – Лекарите едвај го спасиле!


Невкусна навика можела да заврши фатално по животот на 25 годишен Гевгеличанец. Вдишал дел од сламка  за пиење сок кое се заглавило во белите дробови. Деновиве како итен случај бил примен на Клиниката за уво, нос и грло. Според информациите на zdravstvo24.mk, истиот враќајки се од прошетка почнал да гризе и џвака пластична сламка за сок.gevgelija

Тогаш се закашлал и вдишал дел од неа. Осетил  проблеми со дишењето. Кашлицата била  се потешка и почеста. Од страв не се јавил на лекар. Проблемот го криел и од родителите цели 4 дена надевајќи се дека ќе го исфрли пластичното цевче. Состојбата се повеќе и повеќе се влошувала. На инсистирање на родителите се јавил во гевгелиската болница од каде итно е препратен на Клиниката за уво, нос и грло.

По превземените дополнителни анализи, лекарите  констатирале дека се работи за туѓо тело во дишните патишта. Како што информираат од клиниката за zdravstvo24.mk, поради сериозноста била повикана екипата за ендоскопски итни интервенции. Со бронхоскопија било лоцирана пластиката  во десното белодробие но поради ненавременото јавување на лекар,  туѓото тело направило сериозни компликации.

Сламката била комплетно обрасната од лигавицата и во тој случај била стопирана  интервенцијата за да не дојде до  фатална компликација. Од уво, нос и грло ја известиле и  торакална хирургија доколку не го отстранат  туѓото тело, истото да биде извадено по хируршки пат со отстранување на дел од белодробието на пацентот. На помош биле повикани и ендоскописти од детската клиника во Козле.

По протоколот на Клиниката за уво, нос и грло, на пациентот му била одредена  терапија за намалување на отокот. Целта била да не дојде до хируршка интервенција и траент инвалидитет на младото момче. Наредниот ден работата во свои раце ја добил  најверзираниот тим за отстранување на туѓи тела во државава. Со голема внимателност и огромна прецизност успеале  без последици на пациентот да го  отстранат смртоносната сламка  од белите дробови. Пациентот уште 3 дена бил задржан на клиниката и пуштен  во добра општа и локална состојба.

На клиниката сеуште го раскажуваат случајот за малото кумановче , кое со голтнато бисерче во последен момент било вратено во живот. Апелираат постојано да се внимава со туѓи тела. Превенцијата и едукацијата на населението се основни за избегнување на ваквите драматични и неизвесни ситуации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1