Гевгелија се бори со надојдените води- мобилизирана е целокупната механизација


Силно невреме, проследено со силен дoжд, град и ветер ја зафати денес Гевгелија и околината предизвикувајќи големи штети, прекин во сообраќајот и оштетени мостови. Поради обилните врнежи, но и топењето на снегот на Кожув планина, надојдените води во Конска река го поплавија мостот на влезот во гевгелиското населено место Моин и предизвикаа прекин во сообраќајот.poplave-na-umci-foto-citaoc-kurira-1400087949-496383

Во предпладневните часови никој не можеше да влезе и излезе од ова населено место. За нормализирање на сообраќајот, покрај намалените врнежи, придонесе и ангажираната механизација за обезбедување на мостот кај Моин.

Надојдената Сува река кај Гевгелија, која со месеци беше без вода, се закани од излевање на делот кај поранешна Касарна, поради што беше мобилизирана механизацијата од повеќе градежни фирми за обезбедување протек на водите и заштита од
оштетување на бетнската шкарпа, која е единствената брана од Сува река до првите куќи.

При обиколката на теренот, градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов најави дека механизацијата ќе продолжи со заштита на бетонскиот насип и протек на надојдените води.

Поради обилните врнежи и надојдените планински води дојде до излевање на Мрзенска река кај Гевгелија и поплава на одделни дворни места и објекти на стопанските капацитети што се наоѓаат во непосредна близина. Исто така, надојдените води предизвикаа и оштетување на мостот кај Милетково поради што сообраќајот до и од Миравци е пренасочен преку Удово.

Допрва ќе се утврдуваат штетите од обилните врнежи и надојдените речни води, а во моментот вниманието е насочено кон заштита од нивно излевање.

-Мобилизирана е целокупната механизација, се настојува на критичните точки да се обезбеди заштита од излевање на
надојдените речни води и заштита и оспособување на поплавените мостови. Состојбата е под контрола и постојано се следи од надлежните општински служби, изјави градоначалникот Иван Франгов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1