Ги бараат со Интерпол: Родителите го грабнале тешко болното дете од болница (Фото)


Интерпол доцна синоќа објави глобална потерница заради исчезнувањето на тешко болното дете Ешји Кинг (5) кого родителите во четвртокот попладне без дозвола од лекарите изненадно го зеле од болница во британскиот град Саутемптон. На Ешји му е дијагностициран рак на мозокот и без итен медицински третман животот му е доведен во опасност.

Screenshot_46Пред една недела над детенцето бил извршен оперативен зафат, а оттогаш неподвижен е сместен во инвалидска количка. Не може да зборува, а се храни со помош на цевка која работи на батерија, а која во петокот веројатно се испразнила.

По детенцето родителите Брет и Нагеме дошле во четвртокот. На лекарите и вработените во болницата нивната посета им изгледала сосема вообичаено. Согласно правилата за пациенти кои лежат подолго време, им било дозволено на кратко да го изнесат надвор од болницата.01_roditeli342333d

Но, родителите не го вратиле синот,а лекарите загрижени почнале да им се јавуваат, по што вечерта случајот го пријавиле во полиција.

Целото семејство, вклучувајќи ги и шесте браќа и сестри од Ашија, се качиле на траект за Франција. Се верува дека и се` уште се наоѓаат таму, а полицијата интензивно трага по нив. Предупредуваат дека во наредните 24 часа ќе се потроши батеријата во механизмот со кој детето се храни преку цевка, што може дополнително да му ја искомплицира здравствената состојба.

Пријателите и познаниците на семејството ја повикуваат јавноста да не ги осудува родителите на Ашија. „Тие се многу фино семејство полно со љубов, а ова го прават само затоа што сакаат во странство да пронајдат помош за својот син.”Screenshot_47

Истрагата засега не дава резултати. Во меѓувреме, објавено е дека семејството Кинг се припадници на Јеховините сведоци, па се појавиле шпекулации дека детето од болница го однеле од верски причини, но тоа не е засега потврдено.

„Поседуваме информации според коишто семејството Кинг се наоѓа во Шпанија, попрецизно во областа на Марабел“, се вели во соопштението на британската полиција.

„Од витално значење е да биде пронајден Еjсиа. Не знаеме сé уште дали семејството Кинг има дополнителни батерии за сондата со којашто детето се храни и дали знаат да ја користат“, истакна полицискиот наредник Крис Шејд.

Британските власти, како и Француските каде прво семејството се упатило со траект, повикаа да им биде дадена помош во пронаоѓањето на момченцето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1