Ги чекала смртна казна, а тројцата затвореници им избегале од судот (ВИДЕО)


Тројца дилери на дрога вчера избегаа од зградата на судот во Тајланд , откако го убија стражарот , кој ги чувал пред да влезат во судницата , каде ги очекувала смртна казна.

Дилерите на дрога Нилт Ноа и брачната двојка Висетрит Сиринапа и Барт Ален Хелмус избегаа од зградата на судот во Патаја, откако го застрелале , а потоа и го прободеле со нож полицаецот , за потоа да исчезнат со  камион.

Портпаролот на судот Хонгвилаи Суријан изјави дека тие требал да ја добијат максималната казна за поседување дрога , односно смртна казна.

Според полицијата, споменатите заедно со уште 11 други затвореници на Специјалниот затвор Нонга Ла Лаи биле изведени вчера пред суд. Но, пред  Ное, Сиринапа и Хелмус да бидат изведени на суд, се слушнале гласни извици и истрели од огнено оружје.

Суријан изјави дека Ноа и Хелмус го застрелале и го прободеле полицискиот службеник Фотопан Танамет со нож. Полицискиот службеник во моментот е во болница во критична состојба.

Откако го застрелал полицискиот службеник, Ное им кажал на припадниците на обезбедувањето на судот да им го расчистат патот зашто тој, Сиринапи и Хелмус треба да избегаат.

Тројцата бегалци, со лисици на нозете потоа излегле од судот низ задната врата на паркингот каде пукале од пиштол, влеголе во камион и избегале.

Во овој момент, не е јасно како обвинетите дошле до пиштолот и нож и дали камионот ги чекал на паркингот. Полицијата соопшти дека во моментот вршат увид во безбедносните камери. Според сите извештаи, нивното бегство било планирано.

Според судските записи, Ное бил обвинет за поседување 229.800 таблети метамфетамин и 100 апчиња екстази. Хелмус и Сиринапа се товарат за поседување килограм кристален метамфетамин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1