Ги демнат нашите деца на Фејсбук?


Фејсбук профил на родител бил хакиран и бил креиран лажен профил на дете на којшто биле објавени фотографии и други лични податоци од родителот и детето. Во друг случај, пак, биле отворени три лажни профили на малолетно дете, а на некои од профилите имало и фотографии од детето.

Ова се два нови случаи кои се пријавени во Дирекцијата за заштита на личните податоци оваа година од вкупно четири случаи на злоупотреба на лични податоци на деца на социјалните мрежи, пишува Актуелно24.face kompjuter

Дирекцијата за заштита на личните податоци спроведе проект „Час по приватност“ во средните училишта на Град Скопје, кој покажа дека од 548 ученици во една средно училиште во Скопје лажни профили користат дури 388 средношколци.

Најмногу лажни профили користат девојчињата, од 303 испитаници, 211 имаат лажен профил.

Од вкупниот број примени претставки, речиси 60 отсто се во насока на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи.

„Превенцијата е едно од главните начела при користење на интернетот, но и континуираната едукација на оваа тема, бидејќи технологијата се развива секојдневно и брзо, а нашиот образовен систем има потреба да оди во чекор со новите технологии. И повеќе од потребно е да се размислува за воведување на принципите за заштита на личните податоци како наставна содржина за изучување во средното и високото образование во најкус можен рок“, вели за Макфакс Лилјана Пецова Илиеска, од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Родителите да размислат пред да објават нешто на Фејсбук

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ апелираат родителите добро да размислата пред да објават нешто на социјалните мрежи.pedofili devojce

„Родителите треба да го постават профилот да биде приватен и одвреме-навреме да проверуваат за да се осигураат дека поставувањата не се променети. Родителите треба да запомнат дека информациите на интернет може да останат засекогаш. Нивните лични информации може да ги видат луѓе кои не ги познаваат, вклучувајќи и потенцијални сексуални предатори и киднапери. И, што е најважно, децата лесно можат да станат плен на сајбер-насилниците, кои особено ја преплавуваат социјалната мрежа Фејсбук. Ова се само неколкуте совети за родителите, кои желни за комуникација, нови пријателства и внимание, често со поставување на слики од нивните деца може да станат жртви на педофилите, но може ненамерно да се злоупотребени од нивните пријатели кои ги споделуваат нивните приватни фотографии на нивните пријатели. Ако детето ги користи сајтовите за социјални мрежи, родителите треба да се осигураат дека ги разбира карактеристиките за приватност – како да го уреди профилот да биде приватен и да го ограничи пристапот на информации“ вели директорот на „Меѓаши“, Драги Змијанац.

„Често се случува малолетни лица да поседуваат свој профил каде објавуваат фотографии, но и се впуштаат во разговори со непознати лица кои лажно се претставуваат и кои можат да ги наведат и на директна средба, а со тоа децата стануваат лесна цел на трговците со луѓе, педофилите и сл. Родителите поради недостаток на информации, но и време да се посветат на децата и нивните слободни активности често не се свесни за опасностите“ вели Марија Тодоровска од невладината организација Отворена порта „Ла страда“.

Жртвите на трговија со луѓе во Македонија се сè помлади

На страницата на македонското Министерство за внатрешни работи се уште стојат сликите на три деца кои се водат како исчезнати Мирсада Хелдовиќ, Дане Мемеди, Митат Ибраими.deca-mvr

Сите исчезнаа во 2010 година, а до денес нема трага од нив. Сомнително беше и исчезнувањето на малата Ангела од Мариово во истиот период, чии коиски беа најдени, но не се откри од што и како починало девојчето. За овие лица секогаш останува сомнежот дека биле жртви на трговија со луѓе, но официјални податоци или трага за ова нема.

Семејствата на исчезнатите деца со години се во неизвезност за судбината на нивните деца, а со нивното исчезнување можеби исчзенала и вистината за тоа што точно им се случило.

Актуелно24.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1