Кинескиот сопственик на ресторанот наводно во тестенините на своите гости додал опиум за да биде сигурен дека ти ќесе вратат повторно, пренесува Independent.
Сопственикот на ресторанот Zhang на полицијата и’ признал декакупил пупки од афион кои потоа ги претворил во прав и секојдневно ги додавал во тестенините.
Неговиот потфат бил откриен кога полицијата при рутинска проверка застанала еден од неговите клиенти, 26-годишниот Liu Jouyoua и по направениот тест, тој бил позитивен на дрога, односно опиум, а полицијата на почетокот не му верувала кога им кажал дека никогаш во животот не конзумирал дрога и дека сигурно во ова е вмешан ресторанот.
Liu Jouyoua ги замолил членовите на неговото семејство и тие да одат во ресторанот и да ги нарачаат истите тестенини, а потоа да се тестираат за дрога – позитивните резултати тој им ги претставил на инспекторите кои потоа започнале истрага.
Се покажало дека и другите гости несвесно апсорбирале мали количини на опиум, која со тек на времето била доволна за тестот на дрога да биде позитивен. Liu Jouyoua кој поминал 15 дена во пртвор, конечно бил ослободен.