Со лисици на рацете, со влечење, тегнење, кукање и на крајот дури и насилно изнесени од полицајците, двајца пензионери во Хрватска беа исфрлени од сопствениот стан, откако локалниот суд утврдил дека треба да им биде конфискуван бидејќи должеле пари за кредит.
Според информациите кои ги објавија хрватските медиуми, синот на пензионерите се задолжил 25.000 евра. Тие како гаранција го понудиле својот стан. Откако не успеал целосно да го отплати долгот, останале без својот дом. Се спротиставиле на полицајците кои дошле да ги исфрлат од станот, а според фотографиите мажот е изнесен со раскрвавена глава. Нема информации дали дошло до судир со полицајците и како се здобил со раната на главата. Брачниот пар пензионери откако беа изнесени од станот со марица биле одвезени во полициска станица.
Конфискувањето на имот е процес кој е топ тема во Хрватска. Веста за пензионерите ги подели граѓаните. Дел од нив коментираат дека државата удира по најслабите, додека функционерите се богатат во сомнителни бизниси. Има и такви кои сметаат дека се што е долг, треба да се врати и го подржуваат овој процес.