Стружанец скокнал во Охридското Езеро – го спасувале пожарникари


Струшката противпожарна единица го спаси Б.Џ. кој скокнал во водите на Охридското Езеро во близина на „Женска плажа“ во Струга. Настанот се случил вчера, пишува Вест.

struga 2– Случајот беше пријавен кај нас од полицијата околу 17 часот и 40 минути, по што екипа од четворица пожарникари се упати на лице место. Дел од нив влегоа во водата и го извадија премрзнатиот човек, кој потоа со возилото на Брзата помош беше пренесен за да му се укаже соодветната помош, појаснува Командирот на Територијалната противпожарна единица Минир Мамуди. 

На местото каде што влегол Б.Џ. во езерото, веднаш пристигнале и екипи на полицијата и на Итната медицинска помош од Струга. Засега не се знае кои се мотивите поради кои тој се нашол во студените води.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1