Ги изгубиле клучевите од 180 ќелии во затвор


Вработените во затворот во градот Лувен во Белгија, пред некој месец загубиле клуч кои отвара 180 ќелии во затворот.

Чуварите биле во паника некои од затворениците да не го најде.

Клучот го загубил еден од главните стражари. Односно ја загубил цела торбичка во која биле два многу важни клучеви: еден универзален, кој ги отвара вратите на 180 ќелии, а другиот 20 врати на одделни делови од затворот.

„Оној кој сега ги има тие клучеви може слободно да шета каде што сака по затворот“, изјавиле од управата. Тие првично сакале да го сокријат случајот но откако виделе дека никаде го нема пријавиле и донесена е одлука да се менуваат сите брави во затворот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1