Ги прободел поранешната сопруга и нејзиниот татко – прилепчанец во бегство


Вчера околу 12.00 часот во с.Дебреште, прилепско, С.У. (46), по предходна расправија, со употреба на остар предмет им нанел убодни рани во пределот на грбот на неговата поранешна сопруга М.У. (41) и на нејзиниот татко И.Ф. (75).policija prilep

Лицата се пренесени во Општата болница во Прилеп. Кај М.У. биле констатирани телесни повреди, а кај И.Ф. тешки телесни повреди.

Напаѓачот С.У. е во бегство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од псрилепската полиција. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1