Ги терале да маршираат полуголи: Џихадистите заробиле и егзекутирале 250 сириски војници


Џихадистите од Исламската држава на своите веб страни објавиле фотографии и снимки од убиства, како што тврдат, на повеќе од 200 сириски војници кои ги заробиле кај воената база во градот Рака.

Фотографиите и снимките кои прикажуваат стотина војници кои во колона минуваат низ пустина, облечени само во долна облека, почнала денес да се шири на социјалните мрежи. Снимката наводно прикажува војници кои се носат на стрелање.

isil djihadisti

За разлика од досегашната пракса на ИСИЛ, засега не биле објавени снимки ниту фотографии кои докажуваат дека сириските војници се погубени.

Изворите од Сирија тврдат дека снимката не прикажува сириски војници, туку членови на племето Шејтат, кој биле убиени на почетокот на овој месец. Неколку млади активисти од Рака, сирискиот град кој е центар на озлогласените џихадисти, секојдневно ги ризикуваат своите животи тајно снимајќи ги бруталните злосторства кои постојано ги прават припадниците на ИСИЛ.

Додека во Вашингтон се погласно се спомнува можноста за проширување на американските воздушни напади врз Ирак и врз Сирија, од “главниот град” на калифатот,кој неодамна го прогласи џихадистичката организација на Исламската држава, пристигнуваат застрашувачки сведоштва на ретки поединци кои се доволно храбри и снаодливи да ја испратат вистината во светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1