ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Убијците на новинарите се терористи, а не следбеници на Алах!


После страшниот масакр извршен врз редакцијата на весникот „Шарли Едбо“ во Париз во кој загинаа 10 новинари и двајца полицајци, се појави писмо, од засега неименуван автор, кое предизвика реакции на социјалните мрежи.

musl

Напишано на англиски, писмото, судејќи по се`, сведочи за желбата на добар дел од муслиманите да се оградат од терористите кои убија 12 невини луѓе, под изговор дека ја бранат верата.

Писмото ви го пренесуваме во целост:

Јас сум муслиман и сакам да го кажам следново.

Драги читатели,

Алах во Куранот вели:

„Ако некој убие невин човек, тоа е како да го убил целото човештво, а ако некој спаси некому живот, тоа е исто како да се спасено целото човештво“.

Значи, исламот е во целост против убивање невини луѓе. Дури и Алах наредува да им правите добро на оние кои прават лошо.

Исламот е религија на мирот.

Ако неколку кукавици, кои имаат бради, убиваат невини луѓе и велат дека се од исламска вера и дека ги следат заповедите – тоа се лажговци. Тие не припаѓаат на ниту една религија, бидејќи секоја религија дели лекции за хуманост.

Тие се терористи! Не муслимани!

Тие се непријатели на мирот. А ние муслиманите сакаме мир. Не сакаме војна. Не сакаме да војуваме. Ние сакаме мир.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1