Убил 30, а труел 60 пациенти па ги оживувал


Медицински брат во Германија признал дека убил 30 пациенти во болницата во која работел, јавија локални медиуми, а пренесува британскиот „Скај њуз“.inekcija penis

Како што се наведува, нему ќе му се суди во градот Олденбург на северот на Германија. Тужбата се однесува на убиство на тројца и обид за убиство на уште две лица.

Судскиот вештак на судењето изјавил дека медицинскиот брат признал оти предизвикал смрт на триесетина луѓе.

Уште 60 лица преживеале откако наводно им дал поголема доза лек за срце, за да може да ги оживее, сведочел вештакот.

Се верува дека убиствата биле мотивирани од желба медицинскиот брат да покаже способност да ги оживее пациентите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1