Гинеколог осуден за кражба на бебиња, па ослободен од судот


Шпанскиот суд го прогласи за виновен гинекологот Едуардо вела за кражба на бебиња за време на владеењето на диктатурата кон средината на минатиот век.

Судот во Мадрид го прогласи за виновен гинекологот , кој помагал илјадници бебиња од семејства на политички непожелни лица да завршат во други семејства. Сепак , веднаш потоа судот го ослободи Вела поради застареност на делото. Обвинителката за кражбата на бебе од сега 85 годишниот гинеколог Вела , во 1969 , поднела обвинение дури во 2012.

Ова беше прво од судењата за кражба на бебиња , за кои се проценува дури 30 000 биле крадени од страна на доктори , медицински сестри, адвокати и припадници на режимот на Франко. Оваа трговија се одвивала до смртта на диктаторот до 1975 , а бебињата од левичарските и дисидентските семејства биле крадени и давани на поддржувачите на тогашниот режим во Шпанија.

Судскиот процес беше проследен со масовни демонстрации во кои се бара правда и осуда за сите кои се занимавале со ваквата трговија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1