Договорот од Преспа се турка насилно во Собранието, реагира ВМРО-ДПМНЕ


Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференциите на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски за амандманите за промена на Уставот кои Владата ги достави до Собранието.
„Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија. Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа „не“. Еден милион и 200 илјади граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека договорот од Преспа за промена на името е правно – политички мртов“, се вели во реакцијата на опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните. Опозицијата уште еднаш побара од премиерот Зоран Заев да се откаже од договорот за промена на името.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1