ГЛАСАЈТЕ: Македонија и Британија во финале за најубаво знаме на светот


Македонското и британското знаме се финалисти во трката за најубаво знаме во светот. Овие две знамиња освоиле најмногу гласови во анкетата на канадскиот весник The Province којашто започна на крајот на јануари. Од вкупно 64 национални знамиња, избрани се четирите најдобри: македонското со 2741 глас, британското со 1326, канадското знаме освоило 783, а германското 607 гласа.Screenshot_7

За учество во анкетата, весникот ги избрал земјите врз основа на етничкото потекло наведено од страна на канадските домаќинствата во 2011 година. Гласањето ќе трае до недела, 15 февруари на Денот на знамето кога ќе биде објавен победникот. На 15 февруари Канада го слави и нејзиниот национален симбол, јаворовиот лист кој се наоѓа на кансадското знаме.

– Можете да гласате  до петок, и ние ќе го прогласиме победникот во неделното издание на весникот, повикуваат од редакцијата, потсетувајќи ги гласачите дека како и секогаш, тие се “заинтересирани само за дизајнот на знамето, а мислењата за нацоналностите и нивните политики нема да бидат фактор”.

Гласајте на The Province за македонското сонце да го победи знамето на Кралската унија.

Во овој момент знамето на Република Македонија води со над 90 проценти од гласовите против знамето на Велика Британија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1