Ако нема ниски удари, снимките ќе ги објавуваме во наредните 30 до 45 дена


Мора на целата македонска јавност да ѝ станат достапни сите криминални и коруптивни информации за оваа Влада. Според нашиот план, информациите што ги имаме од снимените телефонски разговори, ќе ги објавуваме во наредните 30 до 45 дена, изјави вечерва Зоран Заев, претседателот на СДСМ во интервју за ТВ Алсат – М.

zaev sdsm

„Причината за овие рокови е едноставна – јавноста ова мора да го дознае за да не дозволиме вакво зло повтнорно да ни се случи. Ако нема удари под појас од политичкиот противник, рокот е тој, а ако има, тогаш може да се случи сè да се струполи за еден ден. Со објавувањето на доказите, Груевски едноставно ќе мора да си замине. Груевски треба да престане да ја мачи Македонија, не е крај на светот, треба овој процес да го остави да се развива по нормалниот пат“, изјави Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1