Високите сметки за струја им донесоа главоболки на граѓаните


Лавина од реакции за високи сметки за електрична енергија од граѓаните не престануваат да  се објавуваат  на социјалните мрежи. Корисник на фејсбук објави сметка од која боли глава. За Јануари 39.000 денари струја. Споредено со истиот месец лани корисникот вели дека сметката му е поголема за 50%. Додава и дека семејството не е дома секој ден до 16.30 часот.

smetka struja

Не е тајна дека овие два месеци на адреса на граѓаните пристигнуваат паушални сметки, велат од ЕВН. Од австриската компанија тврдат дека никој нема да плати повеќе од она што потрошил.

– Секој корисник на услугите на ЕВН кој смета дека добил повисока сметка за електрична енергија да пријави во компанијата и ќе му биде проверено дали станува збор за грешка, порамнување или навистина потрошил толку колку му пристигнало на неговата сметка. Доколку е направена грешка во сметката ќе биде корегирано во следниот месец.

Последната одлука на регулаторната комисија  за поскапување на електричната енергија за домаќинствата од речиси 4 % беше најавена пред стартот на либерализацијата на пазарот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1