Истражувачите биле изненадени што оваа појава ги погодила сите, а не само оние кои однапред страдале од несигурности околу својот изглед.
Жена сте и сигурно сте зависник од огледалото. Можеби затоа што сакате да се воодушевувате на вашата убавина или затоа што го мразите начинот на кој изгледате и сакате да го промените. Но која и да е причината, зјапањето во огледалото ви причинува поголема психолошка штета отколку корист.
Едно ново британско истражување покажа дека испитаниците кои гледале во својата рефлексија секој ден за 10 минути повеќе од претходниот станувале се поанксиозни и депримирани за својот изглед, дури и да биле совршено среќни кога започнале.
Истражувачите биле изненадени што оваа појава ги погодила сите, а не само оние кои однапред страдале од несигурности околу својот изглед. Гледајќи неколку пати на ден во својот одраз дури и најсамоуверените испитаници станале несигурни околу изгледот на своето тело.
Просечно жените погледнуваат 38 пати во огледалото секој ден, а мажите 10 пати на ден. Жените се многу покритични и многу поретко се восхитуваат на тоа што го гледаат во огледалото