Татко и ќерка загинаа, а мајката, синот и две постари ќерки се здобиле со тешки повреди по викенд минат на нивниот глисер.
Како што соопшти британската полиција, од засега непознати причини, глисерот изгубил контрола. Поради брзината, целото семејство испаднало од глисерот, а пропелерот ги зафатил и ги искасапил таткото и осумгодишната ќерка, кои искрвариле до смрт.
Мајката, четиригодипното момче и двете ќерки стари 10 и 12 години, се здобиле со тешки повреди, и лекарите во Корнвел се уште се борат да ги спасат. Според зборовите на сведоците, еден маж спречил трагедијата да биде уште поголема. Гледајќи што се случува скокнал од друг чамец во глисерот и со надчовечки напори успеал да го исклучи.
– Водата беше црвена од крв, како во хорор филм. Беше страшно… Глисерот ги искасапи луѓето, раскажува сведокот на трагедијата.