Светот престанал да се загрева уште пред 16 години, според новите податоци објавени минатата недела, на светската дебата во која учествувале повеќе климатски научници.
На истата дебата било потенцирано дека од месец Август 1997 година, до 2012 година, немало зголемување на глобалните температури.
Ова значи дека периодот на „пауза“, во глобалното затоплување, траело приближно исто толкав период, колку што и периодот кога температурите се зголемувале, од 1980 до 1996 година. Пред тоа температурата била стабилна или во опаѓање во период од 40 години.
Новите податоци, кои што се составени повеќе од 3000 мерни места на земјата и океаните биле презентирани на интернет. Според многумина истите вакви податоци биле „срамно“, претставени во јавноста без притоа да бидат сериозно сфатени од страна на светските медиуми.
Забележан е мал тренд на затоплување од 1997 година, но во 2011 година и во првите осум месеци од 2012 година биле измерени поладни временски услови.
Редовните податоци собрани од глобалната температура се нарекува Hadcrut 4, а истите се искористени од Met Office’s Hadley Centre и Jones’ Climatic Reserarch Unit.
Од 1880 година кога во светот индустријализацијата почнала да се развива со забрзано темпо, според веродостојните статистички податоци, кои за прв пат биле собрани на глобално ниво, се покажало глобално затоплување за 0,75 степени целзиусови.
Некои научници како професорот Фил Џонс, директорот на Climatic Research Unit на Универзитетот во Источна Англија, минатата недела ги отфрли ваквите заклучоци, говорејќи дека 15 или 16 години, е премногу краток период за да може да се извлечат какви било заклучоци.
Тој и неговите колеги не го разбрале влијанието на природната варијабилност“, фактори како што се долгорочната мерена температура на океаните, но сепак е убеден дека тековната деценија ќе заврши значително потопла од претходните две.
Еве неколку тривијални прашања за милион долари
Прво, колку е потопол светот од под а) 1880 година б) почетокот од 1997 година? и каква врска има сето ова со зголемените цени за енергија?
Одговорите на првите две прашања би можеле да ви бидат изненадувачки. Од 1880 година кога започнала да се води евиденција на температурата во светот, на глобално ниво е забележано загревање на температурата за околу 0,75 степени целзиусови.
Од почетокот на 1997 година до август 2012 година, според бројките објавени минатата недела покажуваат дека трендот на зголемување на температурата е 0. Изведен од агрегирани податоци собрани од повеќе од 3000 светски мерни точки.
Одговорот на третото прашање е можеби најмногу познат. Сметките одат рапидно нагоре. Ваквата кампања е намерно пласирана од стрна на светските политичари и медиумски пропаганисти со цел да не убедат уште во најраната школска возраст дека без драстични мерки за намалувањето на јаглерод диоксидот во воздухот, глобалното затоплување е неизбежно и многу набрзо би можело да има катастрофални последици по нашето здравје. Се претпоставува дека до крајот на веков температурите би можеле да нараснат за пет степени.
Оттука е важноста на првите два одговори. Глобалната индистријализација во текот на изминатите 130 години има направено релативно мала разлика.
И со усвоените акти на светските влади за намалување на CO2 за 80% до 2050 година, проект кој чини илјадници милијарди долари, и фактот дека светот досега не се загреал драстично во последните 16 години е нешто што обичниот граѓанин го прифаќа како шок.