Глумица заврши на психијатрија : Го обвини татко си дека и вградил чип и ја силувал


Младата холивудска актерка Аманда Бајнс (28) е одведена на лечење во психијатриска болница во Лос Анџелес по иницијатива на нејзините родители, пренесуваат американските медиуми.

Тие  ја присилиле да се лекува и таму ќе биде задржана најмалку 72 часа, а лекувањето може и да се продолжи на 14 дена.Amanda Bynes photo

Овој потег на нејзините родители е реакција на неодамнешните испади и неконтролирано однесување на актерката која на социјалните мрежи  го обвинила својот татко дека  сексуално ја злоставувал кога била дете. По извесно време актерката повторно се огласила и на својот профил на Твитер, го избришала контроверзниот пост  и објавила уште еден уште повознемирувачки коментар.

– Мојот татко никогаш не ги направил тие работи. Микрочипот во мојата глава ме натера тоа да го кажам. Но, тој нареди да ми вградат микрочип – напишала 28-годишната актерка.rs_560x415-130524091320-560.bynes2.ls.52313

Според порталот „ТМЗ“ Бајнс ќе биде задржана во психијатриска клиника 72 часа според т.н. „5150 hold“ – законски код на Калифорнија кој во овој случај им дозволува на родителите на актерката против нејзина волја да ја задржат во клиниката како лице кое претставува  опасност за другите и за неа самата, или како некој кој има серизно нарушено психичко здравје.

Дека нешто сериозно се случува со поранешната тинејџ ѕвезда се утврди пред неколку месеци кога таа почна да прави бизарни пластични операции на лицето и даваше вознемирувачки изјави во медиумите. Нејзината мајка Лин Бајнс ги отфрлила обвинувањата за злоставувањето.

Аманда во 2013 година еднаш беше на психијатриско лекување, а во 2012 година двапати беше уапсена поради поседување на дрога и за возење во алкохолизирана состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1