Го барале авионот а нашле мистериозен објект: Никој не кажува што е?! (ФОТО)


Филипинската војска сними непознат објект на еден од коралните гребени во Јужното кинеско море.

k-g-kin2Мистериозниот објект, според наводите на филипинските власти, веројатно е писта која ја изградиле Кинезите, иако немале дозвола.

Ако се потврди дека пистата ја изградиле Кинезите на било кој од осумте корални гребени во Јужното кинеско море, тоа ќе претставува ескалација на напнатоста меѓу повеќе држави кои имаат право на тоа подрачје.

Портпаролот на филипинското министерство за надворешни работи Чарлс Хозе, вели дека Кина таму врши одредени воени активности веќе неколку недели, а доказ за тоа се фотографиите кои ги сними филипинската војска и Тајван.

k-g-kin1Тие докажуваат дека во тој дел веќе е изградена писта.

Мистериозниот објект се простира на триесет хектари.

Наводно, Кинезите се обидуваат да направат вештачки остров и така да стекнат предност во арбитражната постапка околу суверенитетот над таа територија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1