Го бркале маскирани напаѓачи со калашникови – Тетовец едвај спасил жива глава


Маскирни и вооружени лица утрово нападнале 45 годишен тетовец. Филмската бркотница започнала во вторник рано наутро околу 2 часот кога Ќ.Р (45) се движел пешки по улица „ЈНА“ во Тетово

Маскирни и вооружени лица утрово нападнале 45 годишен тетовец. Филмската бркотница започнала во вторник рано наутро околу 2 часот кога Ќ.Р (45) се движел пешки по улица „ЈНА“ во Тетово. Тројцата напаѓачи биле воооружени со автоматски пушки и палка.

policijanokni5Човекот со палката веднаш се нафрлил на него и почнал да го удира по грбот, но Ќ.Р му се спротивставил и го соборил долу, а тогаш во нападот се вклучил и уште еден од маскираните, кој со кундакот од автоматската пушка го удрил по главата.

Нападнатиот Ќ.Р криејќи се зад паркираните возила, со трчање избегал од местото. Додека се криел и бегал, едниот од маскираните, со пушката испукал неколку куршуми кон него, но не го погодил.

Граѓаните кои се нашле на местото повикале брза помош. Повредениот со возило бил пренесен во тетовската клиничка болница.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија комплетен увид, каде што пронашле  две празни чаури од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, еден неиспукан куршум и проектил од истиот калибар, како и траги од крв, кои се подигнати и ќе се вештачат.

– Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со овој случај и за пронаоѓање на сторителите изјави портпаролот на СВР Тетово.

Според неофицијални информации, нападниот се сомневал дека причина за нападот  се имотно-правните недоразбирања кои ги имал со челнови на поширокото семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1