Го држела за рака, но била свесна дека е мртов: Детали за смртта на момчето кое го удри гром во море


Ирем Каришиќ, 26-годишното момче од Сараево, бил во море кај Сплит кога започнало силното невреме и го удрило гром.

-Ние кои го видовме тоа, не можеме лесно да заборавиме. Не знам дали беше само лоша среќа или нешто друго. Девојката беше на само метар од него и нема никакви повреди, вели Перо П. сопственик на првата куќа во Мутограс, каде во неделата во 18 часот загина Каришиќ.

Девојката веднаш почнала да бара помош и се обидувала да го извлече на копно.

Мештаните веднаш дотрчале.

-Ќерка ми и зет ми први стигнаа. Помогнаа на девојката да го извлече момчето, а се обидоа да го реанимираат додека дојдат докторите, кои пристигнаа многу брзо. Ќерка ми го држеше за рака, но беше свесна дека е мртов и не може да се спаси. Цела ноќ не спиеше, вели дека не може да забраови, рекол Перо П.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1