На 13 февруари, кочанецот Ф.С., на возраст под 62 години, откако претходно на негов сограѓанин го излажал дека ќе му обезбеди да замине за Австралија, го одвел во банка во Кочани од каде тој подигнал 49.156 американски долари и 562 евра.
Откако ги зел парите, му ги дал на измамникот, и од тогаш ниту го видел, ниту пак добил од него абер дека му обезбедил да замине во Автралија.
МВР соопшти дека против кочанецот е поднесена кривична пријава поради сомнение дека за измама.