Видео: Во кутија со корнфлекс пронашол змија Питон од 2 метри


Џаред Смит од Австралија се извадил од памет кога во кутија со корнфлекс пронашол змија од 2 метри.

Овој текст слободно можеме да го наречеме и „уште една причина зошто не треба да имигрирате во Австралија“ затоа што кога ќе ја прочитате оваа приазна за човекот кој бил во потрага по корнфлекс, наместо храна пронашол питон од два метри.

piton

22-годишниот Џаред сакал да си подготви појадок, но наместо оброк, добил фина порција страв кога открил дека питон се наоѓа во кутијата.

– Еве со што моментално се занимавам, зборува Смит во снимката за YouTube додека се опоравувал од шокот.

Од службата за диви животни рекле дека морале да ја скинат кутијата за да ја извадат змијата која се замотала спирално, според нивните зборови, за да се чувствува сигурно.

Овој вид на питон не е премногу агресивен. Тие го убиваат својот плен, но прво го чекаат во заседа и малку е веројатно дека овој питон би изел човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1