Го изрешетале со 9 куршуми, но преживеал: Детали за озлогласениот српски криминалец


На Aлен Курина (26), водачот на еден од најголемите криминални кланови во Војводина и на Драган Б. (35), одреден им е притовр од 30 дена заради опсност од повторување на кривично дело.

Двајцата беа уапсени во четвртокот, а српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ нивната група ја опишал како најсилна во северна Србија по претресот на џипот во кој биле пронајдени 50 килограми дрога.pistol-brza-pomos-kriminalec

Курина, освен за трговија со наркотици се товари и за уште неколку кривични дела меѓу кои и криење на Воислав Миличев кој бил осомничен за убиство.

За Ален Курина јавноста слушнала мината година кога во заседа бил убиен Филип В. од Нови Сад.

Во автомобилот, убиениот бил заедно во Курина, а во таа престрелка во возилото завршиле огромен број на куршуми.

Во вооружениот напад Курина успеал да се спаси, иако бил погоден со дури 9 куршуми, а како што се претпоставува, Курина бил метата, но настрадал Филип само затоа што седел на возачкото место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1