Го молела да престане: Починала откако одеднаш и извадиле 20 заби (ФОТО)


Џуди Ган била на стоматолог за да направи инпланти на забите, но ужасниот стоматолог ги игнорирал нејзините молби да престане со процедурата и одеднаш и извадил 20 зби, по што таа починала.

1stomatologgahnНа 17 февруари  64-годишната Џуди се онесвестила на столчето кај стоматологот Рашми Пател во Конектикат, кој одеднаш и извадил 20 заби!

Двајцата асистенти на докторот признале пред истрагата дека го алармирале стоматологот да престане со процедурата откако забележале дека виталните функции на возрасната жена опаѓаат.

Тој наводно го одбил предлогот од асистентите да престане со зафатот и да повикаат брза помош, а не ја послушал ни пациентката која во еден момент кусо се разбудила и го замолила да престане со вадењето на забите.

Државната стоматолошка комисија му ја суспендирала дозволата за работа која по судењето на 18 јуни може да ја загуби засекогаш.

stomatologgahn-Една од асистентките постојано го предупредуваше докторот дека нивото на кислород кај пациентката опаѓа и не треба повеќе да се работи на нејзините заби. Но тој ја предупреди да престане да повторува и беше решен да заврши и со поставувањето на инплантите откако ги извади забите – вели помлад соработник на Пател.

Дури откако асистентите по втор пат алармирале да се повика брза помош бидејќи пациентката е во лоша состојба, Пател се согласил. Џуди била пренесена во болница, каде по еден час починала.

И друг пациент на Пател во декември минатата година поминал 6 месеци во болница по зафатот кај д-р Пател.

Пател по смртта на Џуди Ган е осомничен дека не реагирал навреме на влошувањето на здравствената состојба на пациентката и не повикал медицинска помош која и била неопходна ниту престанал со зафатот кој може да довел до влошувањето на нејзиното здравје.

Неговите адвокати, пак, велат дека нема доказ дека стоматолошкиот зафат и го влошил здравјето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1