Го најдоа во Кина: Еве како убиецот на Лука бегал до „крајот на светот“


Марко Миличев е возачот на мини морисот, кој е осомничен дека со возилото го удрил Лука Јовановиќ, кој почина од тешките повреди.

Осомничениот е уапсен во Кина по повеќе од еден месец од кобната вечер кога е извршен злочинот.

lukaМинистерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ на конференција за новинарите потврдил дека Марко Миличев е уапсен во Кина и дека се наоѓа во притвор, пренесува Блиц.рс.

Бегство до „крајот на светот“

Несреќата се случила на 25 јули на Бранков мост, кога Лука Јовановиќ се враќал од град кон дома заедно со пријателите. Нив на мостот им се расипала „ладата“ па кога излегле да ја проверат на лентата наменета за застанување, на нив налетал „мини морис“.

Марко Миличев кој управувал со морисот не застанал откако се случила несреќата туку побегнал од местото. Возел се до Железнички мосткаде изнајмил такси за да се сокрие од безбедносните камери, имајќи на ум дека таксистот точно знае каде се поставени. Таксистот возел така што цело време го блокирал автомобилот на Марко за да не се забележат неговите таблички.

marko-milicev-ubica-lukТаксистот кој му помогнал да побегне се викал Сашо Јанковиќ. Осомничените Тамара Богдановиќ, Милица Новаковиќ и Дана Маневски заедно со Марко заминале од местото на несреќата до станот на Братислав Весовиќ.

Миличев и неговиот кум Братислав го однеле автомобилот до Чингријина улица каде на морисот му се губи траг. Се претпоставува дека тие го сокриле или пак го расклопиле на делови. Кумовите потоа пешки се вратиле назад.

ubistvo-luka500Миличев бил свесен за делото кое го направиле, па на своите соучесници им забранил да зборуваат за она што се случило и им дал визит карти од адвокати во случај да ги контактира полицијата.

По таа вечер тој слободно се движел низ Белград, па дури во тој период бил застанат од полицијата на рутинска контрола, но бидејќи тогаш не бил осомничен полицијата го пуштила.

Во меѓувреме со оглед на тоа што ниту возачот, а ниту возилото со кое е извршено убиството не биле пронајдени во наредните неколку денови, таткото на настраданото момче, Бојан Јовановиќ симболично протестирал на Бранковиот мост со слика од неговиот син, барајќи да се најде извршителот на убисвото.205813

Миличев на 10 август со лет за Истамбул во 12:25 ја напуштил Србија и зел авионска карта во еден правец. До аеродромот го одвезол негвиот брат.

Еден краток период во Турција му се губи секаков траг, а на потерницата која ја распиша Интерпол тој е заведен и под името Марко Маринковиќ бидејќи имал два пасоши.

Од Турција Миличев заминува за Хонг Конг каде слетува на 13 август, а на 15 август веќе бил во централна Кина.

На Миличев во Кина му истекла визата за престој и бил уапсен по потерницата која ја распишала Србија.

Следниот чекор е покренување на постапка за екстрадиција и се очекува во следните неколку дена или најмногу неколку недели да биде предаден на српските власти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1