Како што информираат од полицијата, 65-годишниот Љ.С. од селото Ерековци починал додека го носеле од селото до Општата болница во Прилеп. До трагедијата дошло откако несреќниот маж излегол од дома во 18 часот, по што му се изгубила трага.
Неговата сопруга Д.С. заедно со соседите се обидела да го најде, но бидејќи не успеала, околу 22 часот го пријавила случајот во полиција. Таа се јавила и рекла дека сопругот и исчезнал. За жал, во 06.00 часот сопругата го пронашла во бунар во нива во близина на нивната куќа и со помош на нивниот зет го извадиле од бунарот. Љ.С. бил во безсвесна состојба, неконтактибилен, со слаби витални знаци и премрзнат, со повреди на главата и рацете, но без знаци на насилство врз себе.
Истиот во возилото на Итна медицинска помош, при транспортот кон болницата во Прилеп, починал, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Прилеп.