Го натерала момчето на самоубиство, а пресудата ја слушала облеана во солзи


Мишел Картер имала 17 години кога со пораки и повици го натерала нејзиното момче Конрад Рој III да изврши самоубиство.

Судијата Лоренс Мониз ја осудил Картер поради убиство од небрежност. Рој, после долго наговарање од страна на Картер, се задушил со јаглерод моноксид во своето комбе.

Картер го последниот момент го наговарала Рој да изврши самоубиство. Кога тој се уплашил и се обидел да се откаже, Картер му напишала „Врати се во проклетото комбе!“

Картер плачела додека ја слушала пресудата, а се соочува со затворска казна од 20 години. За разлика од другите сојузни држави, Масачусетс нема закон против наговарање на самоубиство.

Обвинителите навеле дека Картер постапила на овој начин за да предизвика сожалување кај јавноста. Пред самоубиството, таа му напишала на Рој: „Конечно ќе бидеш среќен во рајот, твоите родители ќе го преболат тоа.“

После смртта, таа и` напишала на неговата мајка: „Неговиот дух и понатаму живее. Го сакав, Лин. Знам дека сум млада, но сакав со него да го поминам животот.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1