Најмладата милијардерка: Александра ќе ве остави без зборови


Таа е скромна, не е арогантна, вештачка и пластична – иако е најмладата милијардерка во светот. Таа ги сака животните, јавањето ѝ е омилен спорт и има искрена долгогодишна врска.

Александра Андерсен е од Норвешка, а семејното богатство ја направило најмладата милијардерка во светот.

Имено, нејзиното семејство е сопственик на познат бренд на цигари, како и инвестициска компанија, а еден од сопствениците е и оваа млада девојка на која ѝ припаѓаат 42 отсто од компанијата.

Тој голем процент ѝ овозможил имот вреден 1.1 милијарда долари.

А, откако поради големото богатство се најде во центарот на интересирање на јавноста, за неа почнаа да пишуваат и многу светски медиуми.

Се знае дека патувањето ѝ е голема страст, а живее на пат, од Индија преку Грција до родната Норвешка. Таа е голем авантурист, па кога ќе се најде пред некој предизвик, храбро му се препушта. Не ѝ се непознати ниту екстремните спортови во кои често ужива.

Исто така, младата Александра е вљубена и е во врска со Јоаким Толефсен, но ретко се појавува со него во јавност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1