36 годишен Индиец го поканил силувачот на својата 14 годишна ќерка на вечера, откако дознал дека ќерка му по силувањето останала бремена. Таткото на девојчето имал пеколен план!
Таткото на малолетничката која била силувана од 45 годишен маж е обвинет дека го врзал силувачот, и ги горел неговите гениталии се додека тој не умрел.
Човекот сам се пријавил во полиција тврдејќи дека немал намера да го убие силувачот на својата ќерка.
– Му ги изгорев гениталиите еднаш и тој викаше. Потоа го изгорев по втор пат, а третиот пат веќе не мрдаше. Беше мртов… Јас не сакав да го убијам! – вели таткото на силуваното девојче.
– Дојде во полициската станица околу 4 часот утрото во саботата. Откако тој го призна убиството отидовме во неговиот стан и го најдовме безживотното тело. Жртвата имаше изгореници на приватните делови и на стомакот, а рацете и устата и беа врзани со крпа – изјави претставник на полицијата за Newsline.
36 годишниот маж е уапсен за убиство.