Наследникот на круната – идниот крал на Британија денес и беше покажан на светската јавност. Мајката Кејт и таткото Вилијам пред болницата “St.Mary” во Лондон гордо го покажаа своето прво дете
“Сигурно секој родител знае дека ова е најубавото чувство. Се уште размислуваме за име. Ви благодариме за се! И среќен сум што тој ја има нејзината убавина”, изјави принцот Вилијам во краткото интервју кое што го даде пред болницата.