Го предвиде отцепувањето на Крим тврди дека истото ќе се случи и со Одеса


Михаил Сакашвили е човекот кој во 2014-та година го предвиде отцепувањето на украинскиот полуостров Крим од Украина, а сега тој тврди дека можно е да се отцепи и регионот Одеса.

Тој предупредил дека сценариото од Донбас би можело да се случи и во украинскиот регион Одеса поради политичката нестабилност.odesa

-Регионот е нестабилен. Шпекулациите за опасната политичка ситуација и тука се можни. Тоа што се случи во Донбас би можело да се случи и овде. Украинските власти овде практично и да немаат никаква поддршка од украинските медиуми, изјавил Сакашвили.

Она што е интересно е дека поранешниот грузиски претседател Сакашвили оваа година стана гувернер на југозападниот украински регион Одеса.

Сакашвили има изразени анти-руски ставови за кои се смета дека му го олеснија доаѓањето на споменатата функција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1