Им го смениле бебето во болница – тврделе дека е нивно ДНК тестот докажал


Во мај годинава Британецот Ричард Кашворт и неговата сопруга Мерцедес Касанелас добиле дете.

Неколку часа по раѓањето бебето им било предадено, и тогаш ништо не било сомнително. Многу бргу родителите се посомневале дека тоа не е истото дете, и почекале до третиот месец од неговата возраст да направат ДНК тест. Тестот покажал дека бебето кое го чувале не е нивното дете!dn500

Мерцедес се породила во мај во приватна болница во родниот Сан Салвадор. Детето кое им било дадено по раѓањето, таа и сопругот го однеле дома во Далас, Тексас, но набргу забележале дека нешто не е во ред. Детето имало впечатливо темен тен на кожата, и не наликувало ниту на еден од родителите. По 3 месеци собрале храброст и направиле ДНК тест кој покажал дека тоа дете воопшто не е нивно. Стравуваат дека бебињата биле заменети веднаш по раѓањето, а нивното бебе со светла кожа станало жртва на трговија со луѓе.

Во интервју за локален медиум мајката раскажува дека уште во болницата реагирала дека и дале потемно бебе, различно од она кое го родила, но била уверувана дека греши.

– Не знам каде е мојот син, кој е со него. Само сакаме да ни го вратат – вели вознемирената мајка која преку ДНК анализа дознала дека не е во никакво сродство со бебето што и било дадено во болницата.

Геникологот кој ја породувал во Сан Салвадор, д-р Алехандро Гуидос, а за кој постојат сомневања дека стои зад замената на бебињата, е уапсен.

Уште од петтиот месец на бременоста, д-р Гуидос и велел на Мерцедес дека нејзиното дете ќе има темна боја на кожата, иако таткото е со исклучително светол тен.

– Тоа ми беше сомнително уште тогаш. Како може да знае каков тен ќе има детето уште пред да се роди? вели Мерцедес.

Таа вели дека кога го родила својот син и бил даден в раце и гледајќи го помислила колку многу личи на татко му.

– Беше многу бел и имаше слични црти на лицето. Тогаш ми рекоа дека сум вознемирена и ми дадоа седатив. Се разбудив следното утро. Почнаа да ги носат бебињата на мајките и мене ми донесоа дете кое беше многу потемно. И реков на сестрата дека направиле грешка, дека моето дете е со многу побела боја на кожата, но ми рече дека грешам.

Мерцедес има фотографии од нејзиното бебе веднаш по раѓањето на кои се гледа дека се работи за различно дете од она кое и е подоцна предадено.

– Мајчинскиот инстинкт не ми дозволуваше да се смирам.Бебето кое го однесовме дома во Далас не беше моето, тоа се повеќе се познаваше – вели Мерцедес.

Веднаш се вратиле во Сан Салвадор каде е отворена криминална истрага за исчезнувањтео на детето. Во страв и исчекување на веста дали е се во ред со нивното дете, Мерцедес и Ричард велат дека ако не можат да се најдат родителите на детето кое им било предадено во болницата, тие ќе го чуваат како свое.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1